spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Учество на регионална средба – ,,Регионален патоказ за борба против корупцијата...

ДКСК: Учество на регионална средба – ,,Регионален патоказ за борба против корупцијата и незаконските финансии на Западен Балкан”

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата м-р Шемши Салаи и Државниот советник Ирена Брзанова учествуваа на регионална средба во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) и Регионалната антикорупциска иницијатива, која се одржа на 11-13 октомври 2022 година во Дубровник, Р. Хрватска.

Регионалниот патоказ за антикорупција и незаконски финансиски текови усвоен е на 25 јуни 2021 година во Охрид, од страна на високи владини претставници од јурисдикциите на Западен Балкан.

На средбата во Дубровник се дискутираше за нивото на имплементација на патоказот во јурисдикциите на државите од Западен Балкан согласно трите цели, за кои се предвидени и временските рамки за  имплементација.

Во однос на имплементацијата на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и незаконските финансии, предвидени во цел 2, членот на Државната комисија м-р Шемши Салаи образложи дека Државната комисија има воспоставено електронска база на податоци за објавување на податоците од анкетните листови на избраните/именуваните лица на официјалната веб страница каде се јавно достапни, во тек е изработка на софтверско решение за електронско поднесување на изјавата за имотна состојба и интереси што ќе овозможи целосна дигитализација на обрасците, има утврдено методологија за проверки на вистинитоста на податоците од изјавите за имотна состојба и интереси,  има директен електронски пристап до базите на Агенцијата за Катастар на недвижности и Централниот регистар на Р.Северна Македонија  и дека е  во тек  изработка на софтверско решение кое ќе овозможи пристап до базите на податоци и на други институции наведени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси,  Државната комисија има одржано обуки за пријавување на имотната состојба и интересите,  има спроведено и континуирано реализира обуки за јакнење на свеста на службените лица за судирот на интереси, седниците на Државната комисија  се јавни, има изготвено три модули за е-учење кои ќе бидат поставени онлајн, како и други активности предвидени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

На крајот на своето излагање членот м-р Шемши Салаи  истакна дека е неопходно Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите на имотна состојба и интереси кој е потпишан од страна на Р.Србија, Р.Црна Гора и Р.Северна Македонија во Белград во 2021 година, да се ратификува и имплементира од страна на државите потписнички кон кој ќе се  приклучат и  другите држави од Западен Балкан.

 

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...