spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Нема отпуштања, туку преку мобилност и преземања вработените ќе одат во...

МТСП: Нема отпуштања, туку преку мобилност и преземања вработените ќе одат во институции каде што недостасува таков кадар

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 зборуваше за препораките од Планот за фискална оддржливост кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор.

„Согласно препораката за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, секоја институција треба да направи функционална анализа, која е неопходна за да може да се види дали институцијата има доволен број на вработени, дали тие имаат доволен ангажман, дали е потребна реорганизација на вработените, односно да се види функционалноста на институцијата и колку граѓаните добиваат квалитетна услуга од вработените во институцијата, посочи Тренчевска.

Во врска со наводите од синдикатите дека ќе има отпуштања, министерката Тренчевска изрази уверување дека  нема да има отпуштања на вработени во јавниот сектор, туку преку  мобилност и преземање вработените ќе бидат преместени во други институции или реалниот сектор. Таа посочи дека ниту во еден момент целта на Владата со Планот за фискална оддржливост било бркањето од работа или уназадување на правата на работниците, туку да се направи заштеда, секој работник да покаже резултати, а граѓаните квалитетни услуги.

Министерката информираше дека новите вработувања ќе одат со мобилност, а работата од дома ќе се извршува само доколку работните задачи на вработениот можат да се извршуваат од дома и оваа препорака се однесува на работодавачите.

 

Министерката се осврна на колективните договори и препораките за јавните институции да не потпишуваат колективни договори кои ќе предизвикаат фискални импликации надвор од нивниот буџет, и ставањето во под прашање реализацијата на програми , мерки и исплата на парава од социјална и детска заштита.

„Заедно со Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Генералниот секретаријат треба да изработиме нова методологија за плати во јавен сектор. Системско решение со кое платите ќе растат заедно со порастот на просечна плата и трошоците во живот, како што тоа го направивме со пензиите и минималната плата, “ рече Тренчевска.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...