Државната секретарка и заменик главен преговарач на Северна Македонија во преговорите за членство со ЕУ, г-ѓа Дрита Абдиу Халили, заедно со претставници на релевантни институции од земјава, учествуваше на регионалниот состанок на UN Women кој се одржува во Истанбул, Турција од 18 до 20 октомври.
Институтот за родова еднаквост (GEF) е основан за да ги поддржи земјите кои преку претпристапниот процес на ЕУ обезбедуваат вклучување на родовата еднаквост во сите сектори и зајакнување на механизмот за родова еднаквост, со крајниот резултат на еднакви резултати на социо-економскиот развој за сите жени и мажи, девојчиња и момчиња.
Општо земено, се очекува дејствувањето да го подобри спроведувањето на политиките за родова еднаквост, да го зголеми капацитетот за ефективно усвојување на одредбите на ЕУ за родова еднаквост и да обезбеди можност за размена на знаења и искуства помеѓу земјите (пред) членството и со земји членки на ЕУ.
Целта на Регионалната размена на знаење е да им овозможи на претставниците на националните тела за родова еднаквост, државните службеници и другите општествени чинители да научат и да ги споделат најдобрите практики за важноста на родовата еднаквост во процесот на интеграција во ЕУ, помеѓу релевантните институции од Западен Балкан.
Регионален состанок за родова еднаквост – UN Womеn

Целите, односно задачите на овој регионален состанок се:
Размена на знаења и најдобрите практики за родова еднаквост во процесот на интеграција во ЕУ помеѓу релевантните институции од Западен Балкан, Турција и трите земји од Источното партнерство.
– Размена на искуства од земјата за тоа како да се подобри спроведувањето на родовата еднаквост преку преговори и реформи за членство во ЕУ.
– Размена на знаења, научени лекции за усвојување и спроведување на законодавството на ЕУ за родова еднаквост.
Во нејзиниот говор пред присутните, државната секретарка во СЕП и воедно заменик главен преговарач со Европската Унија, г. Дрита Абдиу-Халили меѓу другото истакна:
– Особено сум среќна што овој проект ги поддржува процесите кои ние како институција ги координираме, што во суштина претставува една општа координација на усогласувањето на реформите, прифаќањето на најдобрите практики, зајакнувањето на демократските процеси и владеењето на правото, европската интеграција, како и обезбедување родова компонента во сите владини стратешки активности и релевантните документи.
Во оваа насока, Секретаријатот за европски прашања има хоризонтална улога во координацијата на прашањата поврзани со интегративниот процес на нашата земја во Европската Унија и улогата што ја врши преку координација на активностите на преговарачката структура. СЕП ја координира и ја подготвува Националната програма за усвојување на законодавството на ЕУ (НПАА) и ги координира активностите за планирање, програмирање и следење на инструментот за претпристапна финансиска помош на Европската Унија – ИПА.“
Овој состанок ги донесе на заедничка маса учесниците од земјите од Западен Балкан и од Источното партнерство, вклучувајќи ги Албанија, БиХ, Грузија, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Србија и Украина. На состанокот присуствуваа претставници на релевантните министерства, ГД НЕАР и ГД Правда од Брисел, националните механизми за родова еднаквост, како и тимовите на програмата UN Women.