spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ се нервозни секогаш кога на дневен ред е правдата, СДСМ нема...

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни секогаш кога на дневен ред е правдата, СДСМ нема да дозволи уставна криза

Секогаш кога станува збор за правда и владеењето на правото, тогаш гледаме нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ како во Собранието, така и надвор од него, тоа го гледаме и сега кога на ред е изборот на уставни судии порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата Топ тема на Телевизија Телма.

„Опозицијата со претстави во Комисијата за избори и именувања, со филибастеринг се обидува да ги оспори предлозите на мнозинството за уставни судии. Гледаме бесмислени дискусии од опозицијата, затоа што тие зборуваат за се, освен за предлозите за уставни судии. Уставни судии се бираат по постоечка законска регулатива, каде има определни критериуми и ние не може да работиме поинаку.“ посочи Костовски.

Пратеникот Костовски истакна дека и покрај обиди за блокади и одолговлекувања, уставните судии ќе бидат избрани во Собранието.

„Како одговорни пратеници ние нема да дозволиме уставна криза, како што не дозволивме ни парламентарна криза“ заклучи Костовски.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...