Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН, како дел од владината делегација предводена од Бојан Маричиќ вицепремиерот задолжен за европски прашања, изминативе денови учествуваше на скрининг објаснувачките состаноци за поглавјето 26 – образование и култура, на кои македонската делегација ги доби препораките и насоките за ова важно прашање.
– МОН е подготвено да се соочи со предизвиците на 21 век во образованието и успешно да ги спроведе сите препораки и насоки на Европската унија, вели Вукиќевиќ.
Министерството за образование и наука во рамки на претстојниот билатерален скрининг закажан за месец мај идната година, досега направи важни реформски процеси во полето на образованието и тие продолжуваат и во периодот кој следува. Согласно досегашните реформи, МОН го усвои и успешно го спроведува новиот Концепт за основно образование, придружен со дополнителни наставни планови, програми и насоки за спроведување на наставниот процес. Започната е реформата во средното стручното образование, чија единствена цел е да се подготват на младите целосно да одговорат на барањата на пазарот на трудот, при што се формирани три Регионални центри за стручно образование и наука. МОН е успешен учесник во европските програми, односно во Еразмус плус и Европскиот солидарен корпус.