spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Координативен состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи

АХВ: Координативен состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници од здруженијата на одгледувачи на свињи “Гицко” и “Македонско прасе”. На состанокот кој се одржа во Агенцијата, а на кој присуствуваа и претставници од надлежните сектори и одделенија во АХВ, разгледани беа актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите која е присутна во неколку региони и можностите и понатамошните активностои кои треба да се преземат од сите чинители за нејзино ставање под контрола и искоренување.

 

На состанокот заклучено беше дека на терен е неминовно да се усогласат активностите на надлежните државни органи, ветеринарните друштва, локалните самоуправи и комуналните претптијатија кои се под нивна надлежност, но, пред се, потребна е соработка од сточарите.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство уште еднаш упати апел до одгледувачите на свињи членки на здруженијата, но и до сите останати, како и до ловните друштва и граѓаните, да се почитуваат биосигурносните мерки за да се спречи ширењето на болеста, односно таа да се стави под контрола и да се искорени, со цел да се заштитат сите вклучени во синџирот – одгледувачите, преработувачите и граѓаните како потрошувачи.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...