Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи вчера оставри работна посета на општина Пласница каде изврши увид во изградбата на фекалната канализациона мрежа со пречистителна станица.
Инвестицијата се реализира преку Министерството за транспорт и врски во вредност од 170 илјади евра, а според проектот вкупната должина на канализационата мрежа за дел од првата фаза што е предмет на реализација е 1.7 км.
„Министерството за транспорт и врски е посветено на континуираната поддршка на општините преку различни програми со кои реализираме капитални проекти од големо значење за граѓаните и локалните самоуправи. Денеска сме присутни да посветиме посебно внимание на проектот за изградбата на фекалната канализациона мрежа во општина Пласница а со кој ќе се реши голем санитарен и хигиенско – здравствен проблем за оваа општина. Овој проект е предвиден да се реализира во три фази, според проектот вкупната должина на канализационата мрежа за дел од првата фаза што е предмет на реализација е 1.7 км. За овој проект МТЛ обезбедi 170 илјади евра и очекуваме првата фаза да биде завршенa во рок од 6 календарски месеци. Посебно внимание посветуваме на развојот на водоводната мрежа, развојот на патната инфраструктура, заштитата на животната средина како предуслов за создавање подобри услови за живот на сите граѓани.”, изјави Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски.