spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Градењето на судската култура и свест за позицијата на судството во...

МП: Градењето на судската култура и свест за позицијата на судството во општеството се директно поврзани со независноста на судството и владеењето на правото

Заменик министерот за правда Агим Нухиу учествуваше на завршната конференција на проектот „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“.

 

 

„Градењето на судска култура и свест за позицијата на судството во општеството се директно поврзани со прашањето за независноста на судството и владеењето на правото, како темел на општеството врз основа на кој се надоградуваат сите останати општествено-политички и економски односи. Оттука, значењето на поделба на власта, независноста на судството и градењето на судска култура не претставува само прашање на интегритет или етичко прашање, туку претставуваат основен предуслов за правилно функционирање на државата и остварување на правата на поединецот“ рече Нухиу во своето обраќање.

 

Истакна дека спроведувањето на овој проект поддржан од Холандската влада, посветува големо внимание за прашањето на судска култура, што доведува до правилно спроведување на законите и доверба во судовите.Република Северна Македонија е позитивно оценета за донесената правна рамка за судството која е усогласена и ги обезбедува алатките и инструментите, но реформите нема да бидат успешни доколку не се воведат промени во судската култура, потенцира заменик министерот за правда Агим Нугиу.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

 

 

Прочитајте