spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на прием на дијаспората во реновираниот Почесен конзулат во Јордан

МНР: Османи на прием на дијаспората во реновираниот Почесен конзулат во Јордан

Во рамки на работната посета на Хашемитското Kралство Јордан, министерот за надворешни работи Бујар Османи го посети Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Јордан со седиште во Аман, со кој раководи почесната конзулка, Худа Ибрахим Насер Нафа каде беше приреден и прием за претставници на нашата дијаспора.
Министерот Османи ја подвлече важноста на Почесниот конзулат во Аман потенцирајќи дека “во земја каде што немаме дипломатско конзуларно претставништво улогата на Почесниот конзулат е од суштинско значење за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, за придонес кон трговската размена како и за промовирање на инвестициските и туристички можности на нашата држава во Јордан“, при што ја искористи оваа прилика да и се заблагодари на ПК Нафа за досегашната заложба и посветеност.
Во разговор со претставниците на дијаспората, министерот Османи, ја потврди посветеноста на Владата за зајакнување на односите со дијаспората и информираше за активностите на Министерството за надворешни работи за имплементација на Акцискиот план на Националната стратегија за дијаспората, како и за бројните проекти кои директно се поврзани со дијаспората.

Прочитајте