spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИнтензивирање на соработката со Бугарија во фокусот на средбата на Ковачевски со...

Интензивирање на соработката со Бугарија во фокусот на средбата на Ковачевски со Донев

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Бугарија Галаб Донев, денеска одржаа билатерална средба каде фокусот на разговорот беше интензивирањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.

Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи.

На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше и за можностите за проширувањето на капацитетите на гасоводот и продлабочена соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

0
Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47...