spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работна средба со Министерство за труд и социјална политика и Државниот...

ДКСК: Работна средба со Министерство за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд

На 28 октомври 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оствари работна средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска.

Средбата се одржа на инцијатива на ДКСК, а предмет на дискусија беше Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица во Републиката, со особен акцент на делот на надоместоците на определeни материјални трошоци и други примања.

Од страна на ДКСК беше укажано за потребата од измена на Законот со цел отстранување на недоречностите а во насока на воспоставување на една рамка во која ке се уредат сите прашања се со цел да се избегнат евентуалните можни злоупотреби.

На средбата се разговараше и за постапувањето на ДКСК по конкретни предмети а кои се однесуваат за прашања кои се од областа на надлежностите кои ги покрива Министерството за труд и социјална политика како и за конкретни дејствија кои МТСП треба да ги преземе во насока на надминување на детектираните состојби.

На средбата, заеднички беше истакната потребата од интензивирање на соработката и комуникацијата помеѓу ДКСК и Државниот инспекторат за труд, како и за зголемување на ефикасносна на Државниот инспекторат за труд при постапувањето по барањата за надзор упатени од страна ДКСК.

На крајот, од страна на присутните беше истакнато задоволството од одржаната средба и подготвеноста да се продолжи со комуникацијата и соработката во иднина.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте