Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше средба со градоначалничката на Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска.
На средбата се разговараше за тековните проекти што ги имплементира градот Скопје, како и за поинтензивна соработка меѓу Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС, за поддршка на општините.
-Разговаравме за проблемите и за можностите, за односите со Владата, затоа што интерес на Владата е скопјани да бидат задоволни од условите за живеење во град Скопје, истакна Пенов.
На средбата се разговараше и за други прашања кои што во моментов се актуелни во општините, како и за можностите, на системски начин да се пристапи кон нивно решавање.