spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити присуствуваше на третата Регионална конференција „Граѓаните на прво место“

МИОА: Министерот Алити присуствуваше на третата Регионална конференција „Граѓаните на прво место“

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, присуствуваше на третата Регионална конференција „Граѓаните на прво место“, која се одржа во Белград, која ги обедини земјите од Западен Балкан со цел да го прошири дијалогот во креирањето, дизајнирањето и спроведувањето на сеопфатни политики, како и реформи во процесот на демократизација и транзиција, со цел да се задоволат потребите на граѓаните.
Алити се осврна на важноста на модернизацијата, дигитализацијата и реформите на јавната администрација како еминентен фактор за да се биде поблиску до граѓаните и во исто време условувачки фактор за пристапување во ЕУ.
Министерот Алити ги истакна досегашните предизвици и достигнувања на Северна Македонија во однос на дигиталните услуги, истакнувајќи ги и напорите за унапредување на дигиталните платформи за поефикасно управување со работата на институциите.
“ МИОА и Владата остануваат целосно посветени на зголемување на ефикасноста на услугите кон граѓаните и на создавање професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација која ќе ги олесни и задоволува потребите на граѓаните.”, рече меѓу другото министерот Алити.

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...