Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2020 година, на територијата на Република Северна
Македонија се регистрирани 685 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување1) (14.3%), 114 доградби, надградби и
адаптации (16.6%), 66 деловни објекти (9.6%), 52 гаражи (7.6%), 117 огради (17.1%), 4 скалила (0.6%), 14 тераси (2.0%), 11 летни тераси (1.6%), 85 настрешници (12.4%), 39 времени објекти (5.7%) и 85 помошни објекти (12.4%).
Најголем број бесправно изградени објекти (99.0 %) се во приватна сопственост.
Извор: Државен завод за статистика