spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Со шаховскиот клуб „Гостивар“ го организираше шаховскиот турнир меѓу основците

Гостивар: Со шаховскиот клуб „Гостивар“ го организираше шаховскиот турнир меѓу основците

40 ученици од сите основни училишта од градот Гостивар учествуваа на меѓуучилишниот шаховски турнир што го организираше локалната самоуправа во соработка со шаховскиот клуб „Гостивар“. Турнирот го отвори градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Во оваа прилика тој истакна дека шахот е многу важна активност за здрав раст на децата и овие натпревари помагаат и за откривање на талентите кои остануваат во овој спорт.

„Денеска го отворив меѓуучилишниот шаховски турнир во кој се вклучени основните училишта на територијата на општина Гостивар во организација на шаховскиот клуб „Гостивар“. Шахот е многу важна активност за здрав раст на децата и овие натпревари помагаат и да се откријат талентите кои остануваат во овој спорт, со кои силно верувам дека утре сите ќе се гордееме со нивните достигнувања. Нека победи најдобриот“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Турата се одржа во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“. Учениците-учеснички имаа седум кола до финалето. Покрај натпреварот, активноста е од особено значење, бидејќи децата излегуваат од секојдневната рутина, се дружат и се забавуваат.

Инаку, општина Гостивар пред извесно време организираше и обука на наставниците во училиштата за шах, бидејќи Министерството за образование и култура започна проект во кој шахот ќе се воведе како предмет во основните училишта.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...