HomeВладаИскрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал

Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал

spot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола која го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

Во продолжение честитката на премиерот Ковачевски:

„Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои  и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот“, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија