spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските...

МОН: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во резиденцијата на Амбасадата на Франција во Скопје, оствари работна среда со Француската државна секретарка за Европа, г-ѓата Лоранс Бун и дипломатскиот претставник во земјава г-динот Сирил Бомгартнер.

Соговорниците за време на состанокот ја истакнаа досегашната успешна соработка во областа на образованието, при што министерот Шаќири изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија.

– Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности. Покрај поддршката која ја добиваме во имплементација на реформите, со државната секретарка г-ѓата Бун и амбадасадорот Бомгартнер, дискутиравме и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието, неговото зајакнување во образовниот процес, бидејќи јазикот е патоказ кој најдобро може да зближи две различни култури и традиции, истакна Шаќири.

Успешната соработка помеѓу двете земји, неодамна беше потврдена и на Саемот на студии во Франција, каде традиционално голем број високообразовни институции од Француската Република ги претставуваат своите програми и преку кој голем број македонски студенти се одлучуваат да го продолжат своето образование во една од најразвиените земји во Европа.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...