spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНавремената размена на информации и соработката помеѓу членките на НАТО е важна...

Навремената размена на информации и соработката помеѓу членките на НАТО е важна за безбедноста на Северна Македонија и целиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со помошникот-генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер.

На состанокот беше разговарано пред сѐ за воената агресија на Русија кон Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и врз прехранбената индустрија. Премиерот Ковачевски на средбата ја истакна цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочи дека Северна Македонија ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка со цел да и се помогне на Украина да се одбрани и да ги оствари своите суверени права. Оваа позиција беше поздравена од помошникот-генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер како исклучително важна за Алијансата.

Премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер на состанокот разговараа за безбедносната, политичката, економската и енергетската состојба во државата во контекст на војната во Украина, а на состанокот беше посочено дека соработката меѓу земјите-членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Северна Македонија како НАТО членка. Премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер, на средбата разговараа за справувањето со хибридните закани, што е еден од главните приоритети на НАТО, посочувајќи дека Алијансата мора ефикасно да се бори против ваквите закани.

На состанокот премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер изразија взаемна благодарност за соработката на Северна Македонија со НАТО особено во делот на добивање навремени информации и соработката со македонските безбедносни служби.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...