Општина Богданци е во фаза на подготвување на Буџетот за 2023 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник —->линк
На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.
Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби со граѓаните по населените места, со следниот распоред:
22.11.2022 година
18:00 до 19:00 часот во с. Селемли (во основното училиште)
23.11.2022 година
18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)
24.11.2022 година
18:00 до 19:00 часот во с. Стојаково (Дом на култура)
25.11.2022 година
18:00 до 19:00 часот во Богданци ( Дом на култура „Бранд Петрушев)
Сите Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите на општина Богданци ќе видат интегрирани во буџетски програми за 2023 година.
Извор: Општина Богданци