spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Континуирано се унапредува образованието на младите Роми и од...

МОН: Шаќири – Континуирано се унапредува образованието на младите Роми и од нив се очекува да учествуваат во креирање на општествените промени

Ниеден бизнис не може да започне без идеја, односно без креативност. Не може да успее без знаење како да се менаџираат работните процеси и не може да се развие без упорност и истрајност во заложбите.

Ова се особини и способности чија основа се стекнува преку воспитно – образовниот процес и понатаму само се надградува во рамки на формалното и неформалното образование и преку сопствени и искуства на други. Затоа е неопходно да имаме квалитетен и инклузивен образовен систем и на тоа интензивно работиме.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во своето обраќање на вториот REDI (Roma Enterpreneurship Development Initiative) самит, кој е иницијатива на три непрофитни организации од Северна Македонија, Романија и Србија, кои се залагаат за економска стабилност и финансиска инклузија на Ромите во општествата.

„Работиме да создадеме образовни установи кои ќе ги вклучат и прифатат сите деца, од сите етнички заедници, со различни образовни потреби, а кадарот ќе биде добро спремен и доволно мотивиран за да ги научи младите како да бидат ориентирани кон успех, без разлика дали ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис или пак ќе се вклучат во работата на некоја постојна организација, компанија, институција“, рече Шаќири, додавајќи дека државата се труди да ги следи глобалните образовни стандарди, текови и трендови, а дигитализацијата е еден од клучните процеси кој е интензивиран во периодот додека трае пандемијата со Ковид.

„Имаме темелна реформа кој е веќе навлезена по првите неколку одделенија од основното образование. Нејзината суштина е да создаде „ново училиште“ во кое главни столбови се стекнување на практично применливо знаење и вештини, инклузијата, подобрување на меѓуетничката интеграција и заштитата од дискриминација. Во овој контекст значително е унапредена и политиката насочена кон образованието на младите Роми. Тие се поддржуваат со стипендии за основно,  средно и високо образование, со ромски образовни медијатори, тутори и така натаму. Воедно и сите останати мерки и можности кои им се достапни генерално на младите, можат да ги искористат и младите припадници на ромската етничка заедница“, потенцираше министерот.

Тој рече дека Ромите добиваат се повеќе права и образовни можности и  од нив, се очекува успешно да се интегрираат во општеството и да бидат дел од генерациите кои ќе донесат подобра иднина за оваа држава.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...