spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: 70 % од европското законодавство има директно влијание на општините и...

МЛС: 70 % од европското законодавство има директно влијание на општините и на регионите, важна е улогата на локалните власти во процесот на интегрирање во ЕУ

Преговарачкиот процес, конечно, по 17 години е отворен во јули оваа година, ние очекуваме објаснувачкиот и билатералниот скрининг кои се во тек да завршат во ноември идната година, по што реално е преговорите за членство во Унијата по поглавјата и кластерите да започнат на крајот на 2023, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет ЕУ-СМ, во рамките на Комитетот на региони на ЕУ.
-До започнувањето  на преговорите ни претстои уште еден сериозен политички предизвик, тоа се уставните измени. Искрено очекувам дека ќе надвладее убедувањето,  дека оваа патека треба да се изоди брзо и одлучно, за уште по фокусирано да ги продолжиме реформите кои што се неопходни за демократскиот и за економскиот развој на државата, рече Пенов.
– Ја имаме можноста да споделуваме искуства и добри пракси на локалните власти од земјите членки на Европската Унија со локалните власти од Северна Македонија. Во услови на децентрализирана власт, не само што законите имаат влијание на општините, туку во голем обем локалните власти и локалната администрација се одговорни за нивната имплементација, истакна Пенов.
Министерот за локална самоуправа истакна дека во неколку последователни Извештаи на Европската Комисија акцентот беше ставен на подобрување на системот на финансирање на општините, а во последниот извештај е нотиран напредок на овој план.
Состанокот на Заедничкиот консултативен комитет во тематскиот дел беше посветен на енергетската ефикасност на општините.

Прочитајте