spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Пациентот со трансплантиран црн дроб во стабилна постоперативна состојба

МЗ: Пациентот со трансплантиран црн дроб во стабилна постоперативна состојба

Министерот за здравство д-р Беким Сали го посети првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор во нашата држава.

-Шеесетгодишниот пациент, кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб од починат донор е во добра стабилна постоперативна состојба. Голема благодарност до комплетниот трансплантациски тим – оперативниот зафат за екстрипација на црн дроб од дарителот ја изврши хируршкиот тим предводен од проф. д-р Зоран Караџов и асс. д-р Ќемал Рушити, трансплантацијата ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Светозар Антовиќ и асс. д-р Љубомир Огненовиќ. Подготовката и севкупната координација беа извршени од координаторите од Клиниката за гастроентерохепатологија доц. д-р Бети Тодоровска и науч. сор. Елена Цуракова Ристевск и националниот координатор за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова, анестезијата ја водеше др.Тања Сприровска со нејзнинот тим на анастезиолози. Bо овој процес се опфатија и колегите од клиниките за неврохирургија, нефрологија, кардиологија, кардиохирургија, трансфузиологија, интензивно лекување, како и медицинските сестри кои дадоа огромен придонес во целиот процес и сите заедно придонесоа за огромниот успех со кој испишавме нова страница во македонското здравство.

Посебна благодарност и до семејството на донорот, кои и во најтешките моменти имаа сила, храброст и доблест со својата одлука да спасат човечки живот, рече министерот д-р Беким Сали при денешната посета на пациентот со трансплантиран црн дроб на УК за дигестивна хирургија.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...