spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Презентирани можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија

МЕ: Презентирани можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера оставри средба  со германска бизнис делегација која го придружува германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер кој е во официјална посета на Северна Македонија.

Министерот Бектеши на германските компании им ги презентираше можностите за инвестиции во енергетиката, пред се во обновливи извори на енергиоја кои произлегуваат од Законот за енргетика како и Законот за стратешки инвестиции.

Министерот истакна дека и покрај енергетската криза која што ја зафати не само Северна Македонија, туку и цела Европа, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор е еден од главните приоритети на Владата со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија како и придвижување кон зелена економија.
„Главните цели на енергетската политика на Северна Македонија е привлекување инвестиции за изградба на енергетски капацитети и зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија, поточно инвестирање во зелена енергија што ќе придонесе за заштита на животната средина, животот и ублажување на климатските промени, кажа министерот Бектеши и додаде дека земјата веќе има усвоено Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, како еден од најважните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој.

 

Министерот Бектеши истакна дека блиските релации помеѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија најдобро се гледаат преку билатералната соработка меѓу двете земји која што е во континуиран раст.

Германија е прв и најголем економски партнер на Северна Македонија, која околу 45% од целокупниот извоз го извезува во Германија.

Околу 200 компании во Северна Македонија се германски компании меѓу кои и WPD која вложува околу 500 милиони евра во ветерна електро-централа во Куманово – Крива Паланка, и која претставува сериозен чекор во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Стопанската делегација во чиј состав се претставници на повеќе германски компании, државни институции и банки е предводена од Штефан Венцел, парламентарен државен секретар од Сојузното министерство за економија и клима и Д-р Јоханес Шојбе, советник и раководител на сектор економија во кабинетот на германскиот претседател.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте