spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите со...

МЗШВ: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите со Косово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски завчера одржа работна средба со министерот за земјоделство, шуамрство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.

Двајцата министри, на средбата, истакнаа дека ова е добра можност за унапредување на меѓусебната соработка, како и можност за меѓусебна размена на искуства и добри практики во развојот и модернизацијата на земјоделството.

Преку Меморандумот за соработка помеѓу двете министерства на Северна Македонија и Косово, потпишан на заедничката седница помеѓу владите одржана во септември 2021 година, се регулира меѓуебната соработка и размена на искуства за ИПАРД програмите.

Република Северна Македонија е земја лидер во регионот по искористеност на средства од ИПАРД програмите, со високи 95% искористеност на средствата. Таквите резултати ги потврди  и Европската Комисија која од следната ИПАРД 3 програма ја зголеми за 62% поддршката кон Северна Македонија. Министерот Николовски на средбата нагласи дека токму ова наше позитивно искуство сакаме да го споделиме, помагајќи им на институциите во Косово успешно реализирање на ИПАРД програмите и можностите за развој и модернизација на земјоделството кој оваа програма ги нуди.

Двајцата министри на средбата разговараа и за добрата меѓусебна соработка во делот на меѓусебната размена на земјоделско – прехранбени производи, како и за добрата соработка меѓу агенциите за храна и ветеринарство.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...