spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМОН: Алиу - Зелените вештини значат грижа за природните ресурси и добробит...

МОН: Алиу – Зелените вештини значат грижа за природните ресурси и добробит за граѓаните

За таканаречените зелени вештини особено се говори во последниов период со настанувањето на енергетската криза не само во земјава, туку и во светот. Тие значат грижа кон природните ресурси и обезбедување благосостојба на граѓаните и затоа образовните установи треба да го овозможат нивното стекнување. Така ќе се овозможи зелен раст, кој пак поттикнува севкупен економски развој на државата.

Ова го изјави заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу на панел-дискусијата и презентација на клучните наоди од Анализата на состојбите со зелените вештини во Република Северна Македонија.

– Овој предизвик бара паметни инвестиции и добра координација на сите засегнати страни од јавниот, приватниот и меѓународниот сектор. Затоа е важно образовниот систем да ги препознава потребите за зелена транзиција и да обезбедува ресурси за справување со климатските промени, рече Алиу.

Да го заштитиме, потенцираше тој, здравјето на нашата планета, јавното здравје, мораме да ја интегрираме одржливоста во националните системи за образование и обука. Образованието и обуката им овозможуваат на учениците да развијат компетенции и да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за вистински да ја цениме нашата планета и преземаат мерки за нејзина заштита. Тоа ќе помогне и во транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

Заменик министерот во своето обраќање истакна дека е започната посеопфатна образовна програма за заштита на животната средина со негување на инклузивен и системски пристап. Досега со обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми се опфатени 121 наставник, дополнително формирани се 80 професионални заедници за учење во 40 градинки и 40 основни училишта.

Оваа програма предвидува социјални иновации и иницијативи предводени од младите за зголемување на капацитетите за одржлив развој, како и воспоставување на мрежа за учење помеѓу училиштата и релевантните национални институции кои работат на заштита на животната средина.

– Одржливото образование оди подалеку од вклучување на теми за животна средина во наставните програми. Во таа насока во последните две години е зголемен интересот за верификација на посебни програми за неформално образование за зелени работни места. Во моментов имаме повеќе од 10 сертифицирани програми за неформално образование за зелени квалификации како што се: управување со системи на обновливи извори на енергија, користење системи на соларни панели, одржување на фотоволтаични системи, работа со БИМ системи итн, додаде Алиу.

Европската комисија, напомена заменикот министер за образование и наука,  учењето за еколошка одржливост го одреди како еден од приоритетите за наредната година и затоа е создадена и европската рамка за компетентност за одржливост GreenComp.

– Верувам дека со имплементација на оваа програма можеме да им помогнеме на наставниот кадар и учениците да се вклучат во теми поврзани со одржливоста на животната средина и истовремено да ги поттикнеме да најдат нови начини на размислување, фокусирани на одржливост, со што ќе можат да ги подобрат знаењата, вештините и ставовите за размислување за дејствување со емпатија за подобра грижа за планетата Земја, рече Алиу.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...