spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРазумните политичари од двете земји кои гледаат кон иднината да ја зацврстат...

Разумните политичари од двете земји кои гледаат кон иднината да ја зацврстат својата соработка

Во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното Море 2022“ во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи, што се одржува во Рим,  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со Соломон Паси, претседател на Атланскиот клуб на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи.

На состанокот, вицепремиерката Грковска истакна дека полноправно членство во Европската Унија е стратешка цел на Северна Македонија и затоа за нас е важно преговорите за членство да се базираат на реална проценка на исполнување на критериумите во однос на економијата, законодавството, владеењето на правото.

Последниот извештај на Европската Унија за напредокот на Северна Македонија покажува дека има позитивен тренд на надминување на сите предизвици, но реформите мора да се движат со побрзо темпо и со поконкретни резултати.

Господинот Паси истакна дека патот кон Европската Унија не е лесен и на Северна Македонија и понуди значајна експертска поддршка во делот на преговарачкиот процес, која може да биде многу значајна и да го олесни пристапниот процес.

Во однос на меѓусоседските односи, двајцата соговорници се согласија дека разумните политичари кои гледаат кон иднината треба да ја зацврстат својата соработка и да не остават простор на неразумните политичари кои со своите потези им нанесуваат штета на двете земји.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека стабилност во регионот ќе се постигне само преку целосна интеграција во Европската Унија, но и преку реално вреднување на успесите на секоја од земјите кандидатки за членство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте