spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБизнис форум Северна Македонија - Бугарија во знакот на милијарда евра трговска...

Бизнис форум Северна Македонија – Бугарија во знакот на милијарда евра трговска размена

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се одржа Бизнис форум, насловен „До една милијарда и понатаму.“

На панели каде активно учествуваа претставници од стопанските комори, од ресорните институции и бизнис заедницата на двете држави, со присуство на повеќе од 150 компании, се дискутираше за теми од сферата на енергетиката, инфраструктурата, земјоделството, туризмот, ИТ и индустрискиот развој.

„Оваа година, само во првите три квартали имавме раст од преку 50%, со што трговската размена надмина 700 милиони евра, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот од една милијарда евра“ потенцираше Османи во своето воведно обраќање. Таквиот позитивен тренд се случува и покрај фактот што инфраструктурната поврзаност не ја олеснува оваа динамика, но деловните субјекти на двете земји наоѓаат начини да соработуваат. Во таа насока, сигурно ќе помогнат и реактивираните меѓуресорски работни групи, за што е договорен календар на активности и средби.

„Пред нас е декада во која нашите проекции се Северна Македонија да го исполни и вториот стратешки приоритет и да стане полноправна членка во ЕУ. Не гледам зошто да не си поставиме амбициозна но остварлива цел: во овој период, оваа една милијарда да ја дуплираме. Тоа не се прави со чекање, ниту само со амбицијата на бизнисите, туку и преку создавање соодветни услови за бизнисот: инфраструктурно и енергетско поврзување; изградбата на пругите, патиштата; отворањето нови гранични премини, поттикнувањето на меѓу граничната соработка итн.“, нагласи Османи.

Во рамките на бизнис форумот беа потпишани четири договори на компании од двете земји, вредни над три милиони евра.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...