spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово, спроведе акција за чистење на...

Берово: Во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово, спроведе акција за чистење на депонијата на ,,Црвен Брег “

Општина Берово во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово  и ангажирана градежна механизација, по којзнае кој пат, ја исчисти  Депонијата за градежен шут,  во место викано ,,Црвен брег” во Берово.

Сакаме да потенцираме дека оваа депонија е предвидена само за градежен отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад,  е казниво и строго забрането.

Воедно информираме дека локалитетот ќе биде под надзор и конторла на општиниските служби, со цел конечно да се стави крај на несовесното фрлање отпад и сите кој ќе го прекршат истото, да  понесат соодветна одговорност.

НЕСОВЕСНОТО ФРЛАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД МОРА ДА ЗАПРЕ!

Берово и Малешевијата е еколошки чист крај, со прекрасна и недопрена природа и ваквите дејствија, никако не придонесуваат во она што сакаме да го постигнеме- ЕКОЛОШКИ ЧИСТ РЕГИОН.

Заеднички да придонесеме за почисто Берово и по здрави и поквалитетни услови за живот .

Непрописното одлагање на отпад е штетно за Вас и Вашите најмили!

Ви благодариме доколку ја разбравте пораката!

Извор: Општина Берово

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...