Општина Берово во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово и ангажирана градежна механизација, по којзнае кој пат, ја исчисти Депонијата за градежен шут, во место викано ,,Црвен брег” во Берово.
Сакаме да потенцираме дека оваа депонија е предвидена само за градежен отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад, е казниво и строго забрането.
Воедно информираме дека локалитетот ќе биде под надзор и конторла на општиниските служби, со цел конечно да се стави крај на несовесното фрлање отпад и сите кој ќе го прекршат истото, да понесат соодветна одговорност.
НЕСОВЕСНОТО ФРЛАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД МОРА ДА ЗАПРЕ!
Берово и Малешевијата е еколошки чист крај, со прекрасна и недопрена природа и ваквите дејствија, никако не придонесуваат во она што сакаме да го постигнеме- ЕКОЛОШКИ ЧИСТ РЕГИОН.
Заеднички да придонесеме за почисто Берово и по здрави и поквалитетни услови за живот .
Непрописното одлагање на отпад е штетно за Вас и Вашите најмили!
Ви благодариме доколку ја разбравте пораката!
Извор: Општина Берово