За време на денешната посета на Подгорица, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, одржа состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Оваа средба беше остварена во топол и пријателски дух.
Многу теми беа дискутирани и опфатени заедно, вклучувајќи ги дигитализацијата, укинувањето на роаминг тарифите на Западен Балкан и други можни соработки меѓу двете земји.
Размената на искуства е повеќе од неопходна за унапредување на нашите проекти.
Средбата се затвори со взаемна заложба за остварување на почести состаноци во иднина и со ветување за поинтензивна соработка и комуникација.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација