Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со децата од групните домови при Јавните установи 25 мај и 11 октомври беше во посета на Крушево.
Во текот на целодневната дружба, децата имаа можност да се возат со жичарницата, што за некои од нив беше прво искуство. Иако немаше снег и немаше можност за уживање во вистинска вистинска зимска идила, во Крушево беше преубав сончев ден исполнет со многу насмевки.
Посетата беше можност и за посета на вечното почивалиште и спомен куќата на Тоше Проески.
Министерката Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и децата од групните домови положија свежо свеќе и оддадоа почит кон делото на Тоше.
Спомен куќата на Тоше Проески, беше навистина интересно искуство за децата. Тука можеа да слушнат дел од животот на Тоше и да видат одблиску дел од неговите лични предмети.
Заедничката предновогодишна дружба беше заокружена со убава храна и песна, овозможена од Фондација Заев-Едно општество за сите.
Како Влада и ресорно министерство во чија надлежност е грижата за ранливите категории продолжуваме да креираме политики и мерки кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот.