spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Започнавме со реконструкција на локални улици во Виница

МТВ: Започнавме со реконструкција на локални улици во Виница

Реализацијата на инфраструктурните проекти продолжува и оваа година со силно темпо, сите капитални проекти се реализираат со силна динамика исто како и минатата 2022 година, во која имавме рекордно високо ниво на реализација на капиталните инвестиции, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вчера оствари работна посета на општина Виница.

При посетата на Виница, министерот Бочварски изврши увид во градежните активности на реконструкција на локалниот пат од населеното место Блатец до Детлово, кои се започнати пред неколку денови.

„Проектот за рехабилитација на локалната патна мрежа во општините е еден од најзначајните кој го реализираме преку Министерството за транспорт и врски. До сега опфативме преку 130 локални патишта во над 60 општини.
Општина Виница преку овој Проект има на располагање околу 780 илјади евра, а денеска сме токму тука да извршиме увид во градежните активности на реконструкција на локалниот пат од населеното место Блатец до Детлово,  започнати пред неколку денови. За реконструкцијата на овој локален пат инвестираме 19,7 милиони денари и очекувам градежните активности да течат според предвиденото темпо. Ова е проект кој општина Виница го реализира со поддршка од централната власт, а очекувам во следниот период општината целосно да ги искористи средствата што и стојат на располагање се со цел на локалното население да му се обезбеди квалитетна и безбедна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека започнуваат и градежните активности во општините Чашка и Велес, исто така преку Проектот за рехабилитација на локалните патишта во општините.

Владата преку Министерството за транспорт и врски останува посветена во реализација на својата инфраструктурна програма. Поддршката за локалните самоуправи продолжува во континуитет, обезбедувајќи побезбедни локални патишта по кои ќе се патуваат граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...