Со секоја своја активност во сферата на еднаквите можности на жените и мажите, општина Карпош е на чекор поблиску до постигнување на родова еднаквост. Ова беше презентирано на завршниот Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини, кој се одржа во Скопје, организиран од ЗЕЛС и UN Women Skopje.
Карпош, како една од десетте нововклучени општини во проектот за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и буџетот, преку координаторот за еднакви можности ги презентираше сопствените комуникациски протоколи за родова еднаквост во општините на патот кон создавање целосно родово одговорна општина. Преку редовна двонасочна комуникација со општата и сегментираните јавности кои ги допираат овие прашања, како и активните мерки и политики што ги пременува, општината се труди да ја подигне свесноста за родово сензитивните прашања, кои всушност спаѓаат во доменот на основните човекови права и слободи. Во нивната имплементација клучна е подршката што ја има од Комисијата за еднакви можности составена од осум члена од советниците на Карпош, интерсекторската група која помага во креирање на дата базата на родово поделена статистика, акциските планови и алоцирањето на средства за нивна реализација, како дел од општинската политика на градоначалникот Стефан Богоев.
Вакви оригинални комуникациски искуства прикажаа и Општините Кочани и Делчево, а дел од праксите изнесоа и општините Центар, Ѓорче Петров и Аеродром.
Своите искуства на патот до поефикасна родова интеграција во општините ги презентираа и градоначалничките на Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола, Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица и Изабела Павловска, претседателка на Совет на Општина Крива Паланка.
Извор: Општина Карпош