spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Репелент за спречување на појави на Змии

Карпош: Репелент за спречување на појави на Змии

Откако беше спроведена редовната дезинсекција и дератизација, како и акција за спречување на појава на влекачи по населените места, општина Карпош презема и дополнителни мерки.

 

 

 

Имено, службите поставуваат „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.

 

 

 

Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

 

 

 

Овие два дена, „Репелент“ се поставува во горепосочените места, како и околу градинките и дел од детските игралишта кои се попосетени.

 

 

 

Ги повикуваме сите граѓани, кои ќе забележат појава на змии во нивните населби, да ја контактираат општината, со цел да се делува на соодветен начин.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...