spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„Безбедно како дома“ за привлекување на туристите

„Безбедно како дома“ за привлекување на туристите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев се обрати на средба на претставници на 40 тур оператори и на хотелиери од Полска во организација на хотелската асоцијација ХОТАМ што се одржа во Струга.

На средбата, која што се организираше во соработка и со полската агенција Рего Бис, која неделно има три чартер линии за Охрид од Варшава и Катовице, со кои овие денови пристигнаа првите туристи од Полска во Струга и Охрид, премиерот Заев ги поздрави претставниците на полските туристички организации и компании и истакна дека бројот на туристите од оваа земја од 2017 до 2019 година е во континуиран пораст.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев во обраќањето до полските тур оператори и хотелиери изрази уверување дека авио линиите Варшава – Скопје,  Варшава – Охрид, како и чартер летовите Катовице – Охрид се основа за реален оптимизам и дека актуелната летна сезона ќе донесе поголем број на Полски туристи.

Премиерот Заев уште потенцираше дека нашата земја, со промотивната кампањата Safe Like Home  на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ги прифати светските стандарди и протоколи за КОВИД-19 на Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) која одлично беше прифатена во Полска и Турција како први пазари од кои се очекуваат најголем број на туристи да ги посетат нашите туристички дестинации.

Заедно со маркичката за Сигурно патување (Safe Travel) која потврдува дека Северна Македонија ги применува истите протоколи како повеќе од 100 светски туристички дестинации за безбедност утврдени од Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) за 2021 година, кампањата е чекор повеќе кон целта оваа година да порасне бројот на туристи од Полска кои учествуваат со 5% во вкупниот број на странски туристи и приближно 7% од вкупните остварени ноќевања што ја вбројуваат меѓу првите пет земји кои според бројот на туристи летуваат во Охридскиот Регион.

На средбата во име на гостите од Полска се обратија Павел Ниевиадомски, главен претседател на  Европската асоцијација на туроператори и туристички агенции, и Габриела Манка Сокулу сопственик на туроператорот Рего Бис.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...