spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаАфирмацијата на македонскиот јазик е во врвот на приоритетите

Афирмацијата на македонскиот јазик е во врвот на приоритетите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими членовите на Советот за македонски јазик кои на средбата информираа за текот на подготовките за текстот на предлог Законот за македонски јазик.

 

На состанокот, на кој учествуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на Советот за македонски јазик проф. Д-р Људмил Спасов, информираше за последната верзија на нацрт текстот на законот, на што се надоврзаа и останатите членови на Советот со укажувања во кои насоки треба да се движат завршните подготовки за предложените законски предлози кои потоа ќе бидат ставени на увид на јавноста.

 

Посебно место на разговорот на оваа средба беше посветена на лекторатите за македонски јазик во странство на кои предложените законски одредби посебно се фокусираат за подобрување на нивниот статус и улога како особено важни центри за изучување и афирмација на македонскиот јазик на меѓународен план.

Извор: Влада

Прочитајте