spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Регионалната антикорупциска иницијатива

ДКСК: Средба со Регионалната антикорупциска иницијатива

На ден 24.06.2021 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше одржана средба со претставници на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) како и раководителот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) Десислава Готскова. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата на состанокот присуствуваа Претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска, заменик Претседателот м-р Шемши Салаи и членовите на ДКСК Нури Бајрами, Софка Пејовска Дојчиновска и м-р Владимир Георгиев.

 

Средбата беше реализирана по барање на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), а во врска со тековните активности на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и на ДКСК, вклучувајќи го и Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансии како нов документ за соработка, како и Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба што беше подготвен во рамките на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и потпишан на 19.03.2021 година во Белград, од страна на Претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска, министерката за правда на Република Србија и министерот за правда, човекови и малцински права на Република Црна Гора.

 

Присутните истакнаа дека соработката ќе продолжи во иднина со меѓусебно разбирање и поддршка, како и остварување на нови средби.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...