spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНа 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните...

На 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните претпријатија и по други основи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

 

Оваа одлука на Владата го зема предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците, при што се земаа предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.

 

Плановите на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2021/2022 година се базираат на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје.

 

Плановите ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот, кои се сообразени со Протоколите за постапување на основните и на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

 

Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40% од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.

 

На денешната седница е усвоен и Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

 

Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.

 

На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19.

 

Овој предлог-закон, како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, беше вклучен во петтиот пакет мерки на Владата, опфаќа околу 150.000 граѓани и ги уредува условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.

 

Со ова законско решение им се овозможува на граѓаните, растеретени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

 

Владата денеска ја донесе Одлуката за субвенционирање на каматата која произлегува од Финансискиот договор за финансирање мали и средни претпријатија и средно пазарно-капитализирани претпријатија, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

 

Одлуката предвидува субвенционирање на каматата која Развојната банка ја плаќа кон Европската инвестициска банка при повлекувањето на овие средства во висина 100 милиони евра евтин капитал за малите и средни претпријатија по исклучително ниски каматни стапки од 1,6%.

 

Со оваа одлука се утврдени и други поволни услови кои ќе им се понудат на малите и средни компании, како рок на отплата до 12 години со вклучен грејс-период од 2 години, зависно од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства.

 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции денеска ја информираше Владата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на Естрадни уметници, по што беше прифатено одлуката да се исплати финансиска поддршка на 745 естрадни уметници кои ги исполнуваат условите од повикот, од вкупно 1.633 пристигнати апликации.

 

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2021-2025 и го задолжи Секретаријатот за европски прашања да ја достави до Собранието на Република Северна Македонија, најдоцна до 5 јули 2021 година, а до Европската комисија најдоцна до 31 јули 2021 година.

 

Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е најкомплексниот и еден од најобемните стратешки и програмски документи на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција, ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до нашето членство во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи.

 

На денешната седница Владата разгледа информација со компаративна анализа на увозни давачки при набавка на електрични и хибридни возила, споредени со увозни давачки при набавка на возила со дизел или бензински погонски мотори што ја подготви Царинската управа.

 

Врз основа на оваа анализа, Царинската управа предлага при набавката на возилата од страна на државните институции да се земат предвид возила сo потекло од земјите со кои нашата земја има договор за користење на преференцијални стапки за увоз на нови возила од 0% царина, (ЕУ, Турција или Велика Британија).

 

При набавка на возила од долна или средна класа, од страна на институциите, истите да бидат со вредност при увоз до 10.000 евра со цел за нив да не се плаќа вредносна компонента при пресметка на данокот за моторни возила (ДМВ), бидејќи до таа вредност данокот е 0%.

 

Возилата да бидат со бензински мотор, со оглед дека еколошката компонента при пресметка на ДМВ кај возилата со бензински мотори е за 50% пониска по износ од возилата со дизел мотори.

 

Доколку од страна на институциите се набавуваат хибридни возила задолжително да бидат со систем на полнење со електрична струја (plug in hybrid) и комбинирани со бензински мотори, бидејќи на тој начин се користи намален ДМВ за 50% во однос на редовниот ДМВ и дополнително понизок износ заради користење на бензински мотор.

 

Понатаму, да се има предвид дека електричните возила се целосно ослободени од плаќање ДМВ (0% ДМВ) со што се намалува и основицата за пресметка и на ДДВ-то за возилата, а трошоците за гориво се целосно елиминирани во текот на нивната експлоатација.

 

Врз основа на оваа анализа и предлози, Владата денеска поведе дискусија за стратегијата на Владата при набавка на моторни возила и, врз основа на дополнителната информација на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), заклучи дека во овој момент на пазарот има недостиг на понуди за соодветни возила за потребите на Владата и нејзините служби.

 

Оваа ситуација, покажа расправата, се очекува да има позитивен пресврт кон средината на идната година и беше донесен заклучок сите владини институции во следните набавки задолжително да планираат понуди на електрични или хибридни возила, или возила кои користат најмалку загадувачки горива.

 

Овие заклучоци како идна пракса при набавка на моторни возила, Владата ќе им ги препорача и на локалната самоуправа, како и на сите институции од управата, правосудните органи и другите буџетски корисници.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...