spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Се продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата

УЈП: Се продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата

Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите, дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува согласно Законот за даночна постапка.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е (25.01.2023 година) и истиот се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 година (петок).
Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588.
До денес (25.01.2023 година), до 13:30 часот поднесени се 31.640 ДДВ пријави а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...