spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Меморандум за соработка со Министерството за млади и спорт на Република...

АМС: Меморандум за соработка со Министерството за млади и спорт на Република Турција

Директорот на Агенцијата за млади и спорт наумче Мојсовски и Министерот за млади и спорт на Република Турција г. Мехмет Касапоглу потпишаа меморандум за соработка.

По тој повод Мојсовски изрази огромно задоволство за започнувањето ново поглавје за соработка  со Министерството за млади и спорт на Република Турција.

Меморандумот ќе ги зајакне односите помеѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на взаемно разбирање и помагање .

Размената на искуства, значително ќе придонесе за унапредување на условите во спортот, како и условите за работа и напредок на младите луѓе.

Нашите заложби и напори за поддршката на младите луѓе и спортистите се препознаени од земјите во регионот и пошироко.

Младите и спортистите насекаде се соочуваат со исти или слични предизвици и токму затоа е многу важно да бидат поврзани, да се во постојана комуникација со цел да развиваат и разменуваат меѓусебно идеи и да работат за исти цели.

Постојано вложуваме  во младите и ќе споделиме искуства во областа на младинските политики, службеник за млади, креирање на младинска стратегија, младински центри и закон за млади, истакна Мојсовски.

Тој додаде дек меморандумот ќе овозможи размена на  искуства и знаење поврзани со развојот на младинското лидерство, претприемништво, иновации и младински кампови, како и обезбедување заедничко младинско учество на курсеви, конференции, и академски програми, поддржувајќи заеднички културни активности.

Во делот на спортот споделуваме и разменуваме искуства по однос на правната легислатива во спортот, спортска инфраструктура, размена на искуства за спортска рехабилитација и отпочнување на поинтензивна соработка помеѓу националните спортски федерации во олимписките спортови.

Ќе направиме размена  на искуства и соработка помеѓу тренери, експерти и истражувачи кои работат на полето на Олимписките спортови , спортската наука, спортската медицина како и спортското право.

Ќе ја Поттикнеме соработката  помеѓу спортските  организации од двете земји со цел да се олесни организацијата на заеднички научни семинари и конференции .

Со оваа соработка ќе се зголемат спортските достигнувања на двете земји, ќе организираме меѓусебни тренинг кампови, пријателски натпревари и заеднички тренинзи како и Соработка во областа на борбата против допингот во спортот.

Посакувам успешна соработка и размена на искуства помеѓу нашите две земји во едни од најбитните области ,  спортот и младите. Младите се нашата иднина, а спортот е она што не познава граници , и сите не обединува, истакна Мојсовски.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте