HomeМинистерстваМФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз...

МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот

spot_img
spot_img
Процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедените финансиски средства. Тоа е процес кој Министерството за финансии, го спроведува преку секторот буџет и секторот трезор,  кои постапуваат согласно предвиденото во усвоениот Буџет и законските одредби.
Министерството за финансии е институција одговорна за подготовка и   реализација на буџетот и тоа се извршува  ефикасно, професионално и одговорно, во континуитет, од страна на надлежните сектори во Министерството за финансии, поточно секторите буџет и трезор, бидејќи станува збор за пари на граѓаните. Секоја дополнителна обврска што се презема од страна на институциите во однос на исплата на плати, како и секоја друга финансиска обврска во буџетот, треба да биде предвидена во рамки на усвоениот Буџет во Собранието, бидејќи секторот трезор, може да реализира само налози кои се во согласност со усвоениот Буџет од страна на Собранието на СР Македонија.  Ова се применува кон сите институции и буџетски корисни без исклучок.
Сите дилеми кои евентуално се појавуваат во некоја  институцијата, во врска со реализацијата на буџетот, Министерството за финансии, преку задолжените сектори, во отворена комуникација со истите институции, вклучително и Кабинетот на претседателот на РС Македонија, ги  решава прашањата во рамки на законските прописи.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија