spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Признание за постигнатиот успех на судијата Предраг Чоловиќ

АМС: Признание за постигнатиот успех на судијата Предраг Чоловиќ

Вчера директорот Наумче Мојсовски му врачи признание на нашиот еминентен спортски судија во пинг-понг. Чоловиќ е долгогодишен меѓународен судија кој оваа година ќе суди на Олимписките игри во Токио.

Веруваме дека со своето знаење и искуство, Чоловиќ ќе биде наш достоен меѓународен судија каков што заслужуваат Олимписките игри. Со своето олимписко искуство како наш претставник во Лондон, тој судеше две полуфиналиња. Кариерата ја започнува уште во 2002 година и позади него се голем број светски и европски првенства, како и финалиња. Од 2013 до 2016 е еваулатор на елитните судии на ITFF- светската федерација на пинг-понг. Во моментот Чоловиќ е претседател на судиската комисија на балканската федерација.

Од име на Агенцијата за млади и спорт му изразивме благодарност и признание.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте