“Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја!” – им порача на граѓаните директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски во гостувањето во утринската емисија на ТВ Алфа “Добро утро секое утро”.
Тој упати апел, во услови на високи температури во кои живее земјава деновиве, потрошувачите да бидат свесни за опасностите по нивното здравје кое може да ги предизвика храната при високи температури доколку правилно не се ракува со неа.
Горештините се опасност и за домашните животни и милениците, за кои исто така мора да се води грижа, за да се заштити нивното здравје – порача тој.