Завчера во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со претставниците на Breathe – Air quality sensor network на која го презентираа нивниот проект во однос на решавање на проблемот со загадувањето со кои се соочуваме секоја година.
Целта на проектот е микротаргетирање на загадувачите кои што ја загадуваат општината и утврдување на причината на загадувањето.
Breathe – Air quality sensor network ќе донираат 15 апарати за мерење на загадувањето на воздухот, кои ќе бидат поставени на различни локации низ општината, со што ќе добиваме мерење на квалитетот на воздухот од различни локации, но истовремено и детектирање на загадувањето.
Извор: Општина Гази Баба