Почитувани корисници,
Со оглед на тоа што авиосообраќајот по пандемијата на COVID – 19 во голем дел е нормализиран, а со тоа и меѓународниот поштенски сообраќај, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје ве известува дека сите видови на поштенски пратки во опсегот на Универзалната услуга, со исклучок на малите пакети и препорачани пратки до 2 кг., кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави, се примаат и испраќаат кон сите држави во светот.
Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, се уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа, очекувани се задоцнувања во транспортот.
Ве известуваме дека нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи.
Извор: Пошта