Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска, во село Бродец, присуствуваше на церемонијата по повод завршувањето на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“.
– Нашето министерство се залага за заштита на животната средина и природата и ќе поддржува активности во насока на зголемување на бројот на обележани патеки како и нивно мапирање, со што ќе се олесни пристапот до убавините на планините во нашата држава – истакна заменик министерката Оџаклиеска.
Проектот го реализираше Федерацијата за планинарство на Македонија, во соработка со Амбасадата на Словенија во државата, која обезбеди финансиски средства преку донации од словенечки фирми.
Во рамките на проектот опфатени се повеќе патеки на Скопска Црна Гора, кои се обновени со маркации и планинарска сигнализација, поставени се инфотабли со графички приказ на истите.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање