УЈП: Две години – МојДДВ

Самостојни органиОргани во составУЈП: Две години - МојДДВ
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава веќе две години, бележиме над 399 илјади корисници на апликацијата Мој ДДВ, и исплатени 2 238 340 844,00 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки. Вака денес директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ја започна прес конференцијата посветена на Проектот МојДДВ.
,,Пред точно две години бевме исправени пред предизвикот да креираме алатка преку којашто парите ќе се враќаат назад кај граѓаните. Знаевме дека тоа мора да биде модерна, атрактивна и интересна алатка, но и најважно лесна и едноставна за користење.

Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа повратот на исплаќа повратот на ДДВ  којшто го оствариле и со тоа се зголемува и довербата кон институциите.

Две години, фискалните сметки не се само обична хартија со бројки, туку се сметки кои на граѓаните им враќаат пари. МојДДВ е прва апликација од ваков вид, и е пример за другите земји коишто токму поради начинот на којшто се спроведува повратот, се инспирираа да воведат иста или слична мерка како враќањето на дел од платениот ДДВ. Проектот на Владата се реализира тековно и без проблеми. Се потврди дека мерката ги оправдува целите за коишто е воведена. Ги враќа парите назад кај граѓаните и придонесува за намалување на сивата економија. Под мотото ,,Мој Данок, Моја заштеда” , секој граѓанин ја согледа и важната улога и одговорност којашто ја има во овој процес – а тоа е активно да учествува во намалувањето на неиздавањето на фискалните сметки со тоа што како партнер на УЈП, ги пријавува ваквите појави. Благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во семејниот буџет. Во првата година преку МојДДВ, вратени се над 670 милиони денари, додека во втората година од Мој ДДВ вратени се над 1,5 милијарди денари. Во оваа 2021 година за првото тримесечје на граѓаните им се исплатени 413.758.172,00 денари.

Овие бројки се показател дека бројот на корисници се зголемува, а со тоа и бројот на скенирани фискални сметки. Посебно ми е драго што во тешкиот период, кога државата се соочи со економската и здравствена криза од Ковид 19, МојДДВ го покажа и својот хуман аспект. Со законски измени, на корисниците на МојДДВ им понудивме опција за донирање и горда сум што голем дел ја искористија, со што 5537 граѓани својот поврат го донираа во здравствениот сектор во износ од 5,8 милиони денари. Во МојДДВ , видовме можност за поддршка и на македонските производители кои за време на коронакризата претрпеа економска штета. За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20% , а за останатите производи 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.

Апликацијата МојДДВ денес е достапна на сите смарт мобилни телефони, на 10 киоск апарати и 36 бар код читачи поставени во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи. Како носител на концептот парите назад кај граѓаните, МојДДВ постојано се надградува и адаптира согласно потребите. Трендот на раст на корисници , за нас е доказ дека сме направиле добра работа и дека МојДДВ е една од омилените апликации на телефоните на скоро 400.000 граѓани”. – истакна Директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Извор: Управа за јавни приходи 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img