Договорот од Преспа е глобална порака за дијалог и мир

ВладаДоговорот од Преспа е глобална порака за дијалог и мир
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими помошникот генерален секретар на Обединетите Нации (ОН) за политички прашања Мирослав Јенча, кој, на покана на Владата и на Министерството за надворешни работи, учествува на Преспа форум дијалог што овие два дена се одржува во Охрид.

Премиерот Заев на средбата ја потенцираше посветеноста на нашата земја кон ефективен мултилатерализам и за зајакнување на улогата на Обединетите Нации во решавањето на повеќеслојните глобални предизвици и искажа силна поддршка за процесот на реформи инициран од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, чиј фокус е ставен на спречување на конфликти, одржлив развој и реформи за силна и ефикасна организација на Обединетите Нации.

Обединетите Нации, рече на средбата претседателот на Владата Заев, секогаш беа со нас и ја поддржуваат Република Северна Македонија во сите фази на нејзиниот развој и во процесот на меѓународното признавање и етаблирање на државата во меѓународни рамки и за тоа сме многу благодарни.

Помошникот генерален секретар на Обединетите Нации за политички прашања Мирослав Јенча на средбата изрази задоволство од можноста да допатува во нашата земја и да учествува на Преспа форум дијалог кој се одржува како инспирација од Договорот од Преспа кој претставува историска потврда колку многу може да се постигне со политичка волја и храброст.

Премиерот Заев и помошник генералниот секретар на ОН за политички прашања Јенча споделија оценка дека Договорот од Преспа е глобална порака за мир и дека ОН и генералниот секретар Гутереш постојано го потенцираат како еден од ретките позитивни примери на денешницата.

Премиерот Заев во разговорот изрази уверување дека соработка со ОН ќе продолжи и во иднина, во насока на обезбедување понатамошна поддршка на нашите развојни цели поврзани со нашите аспирации кон ЕУ и за автентичниот придонес на Северна Македонија во решавање конфликти, развој на културата на мирот, внатрешна кохезија, добрососедски односи и градење доверба, постигнати преку трите договори: Охридски рамковен договор, Преспански договор, Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img