Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски завчера оставри работна средба со Здружението на градежништво индустрија на градежни материјали и неметалите при Стопанската Комора на Северна Македонија.
На состанокот се разговараше за актуелните теми во градежниот сектор, како и реализација на капиталните проекти и законската регулатива која ја опфаќа дејноста градежништво.
Притоа на средбата се отворија прашањата за учество на домашните градежни компании како ко-изведувачи при реализација на капитални проекти, во законски утврдениот минимум од 51 процент.
Исто така се разговараше и за измените на Законот за градење, односно и за учество на Здружението во изработка на новиот Закон за градење, при што министерот Бочварски потенцираше дека од огромна важност е партиципација на градежните компании во креирање на ново и квалитетно законско решение.
На средбата се утврди дека се потребни развојни политики во градежништвото и образовни мерки за да се подигне гранката на повисоко ниво и да се стимулира квалификуваниот кадар.
Од Здружението го отворија и прашањето за измени на Законот за работни односи каде побараа недела да биде работен ден во градежната дејност.