spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Министерот Шаќири му посака на младиот Исмаили уште многу титули во...

МОН: Министерот Шаќири му посака на младиот Исмаили уште многу титули во модерен танц

Младиот гостиварец Анди Исмаили, неколкукратен светски шампион во модерен танц му вети на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека во иднина ќе освои уште многу титули. На средба  тој се потсети на некои од најинтересните моменти од светските натпревари, на кои веќе неколку години докажува дека е вонсериски талент.  

„Танцот е мојот живот. Многу сакам да танцувам и не ми е тешко напорно да вежбам. Секако дека е точно оти сами себе сте си  најголем конкурент. И затоа секогаш си повторувам: ,Hard work makes the dream work`“, вели Исмаили, заблагодарувајќи им се и на своите тренери за сите досегашни успеси.  

Посакувајќи му да биде истраен и да продолжи да ги осварува своите соништа, министерот Шаќири нагласи дека Министерството е секогаш отворено за младите, го слуша нивниот глас и е фокусирано на нивните потреби.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...